Friday, Nov 17th

Last update:01:32:48 PM GMT

You are here:

Изборно собрание во ФФМ на 21 ноември

E-mail Print PDF

ffmffm

Управниот одбор на Фудбалската Федерација на Македонија денеска заседаваше во Прилеп со една единствена точка, закажување на редовно изборно генерално собрание на ФФМ.

Според одлуката на управниот одбор, изборното генерално собрание на Фудбалската Федерација на Македонија ќе се одржи на 21 ноември во скопскиот хотел „Александар Палас“ со почеток во 11 часот.  Формирана е и петчлена комисија која врз основа на записниците од собранијата на општинските сојузи ќе ја утврди листата на кандидати за претседател на ФФМ, како и за членови на управниот одбор и за делегати на собранието.

Тројца кандидат официјално ја најавија својата кандидатура за претседателската функција во ФФМ. Покрај досегашниот претседател Харалампие Хаџи-Ристески, кандидатури за претседателската функција засега објавија уште и Благоја Николовски преку скопскиот и Васко Кантарџиев преку струмичкиот општински фудбалски сојуз.

Мандат на досегашниот претседател Харалампие Хаџи-Ристески, како и на управниот одбор и на собранието на ФФМ истече на 1 октомври, со што се доведува под сомнеж функционирањето на ФФМ и сите одлуки што ги носат неговите тела и органи во овој период до одржувањето на собранието.

Addthis

blog comments powered by Disqus