Saturday, Nov 18th

Last update:01:32:48 PM GMT

You are here:

Работнички, Пелистер и Скопје во полуфиналето на купот

E-mail Print PDF

Денес се одиграа три реванш натпревари 1/4 финалето на македонскиот куп. Работнички повторно ја совлада Ренова, Пелистер извојува победа на гости кај Дрита, а Скопје сензационално го елиминираше Металург.

По првите 4:0 од Скопје, актуелниот освојувач на купот, екипата на Работнички, релаксирано патуваше во Тетово, каде не само што ја задржа високата предност, туку и го совлада домаќините со 0:1. 

И покрај многуте поделби, притисоци и двоумења, фудбалерите на Пелистер со огромна желба за надигрување заминаа за Боговиње на реванш натпреварот по незгодните 2:2 од првиот натпревар во Битола и успеаја да го совладаат домаќинот Дрита со 0:1 и да се квалификуваат во полуфиналето на македонскиот куп.

Екипата на Скопје е сензацијата во оваа рунда од купот. По 0:0 од првиот натпревар, Металург предводени од новиот тренер Никола Илиевски Џиџи влегоа го започнаа натпреварот со огромна мотивација и уште на почетокот имаа водство од 2:0 со головите на Илијоски и Крстев. Но тие тука застанаа и во продолжението на натпреварот не покажаа никаква игра, по што беа казнети и Скопје намали на 2:1, а во 94та минута, односно во последните секунди од судиското продолжените тие успеаја и да израмнат и да го елиминираат Металург од македонскиот куп.

Ренова - Работнички 0-1

Дрита - Пелистер 0-1

Металург - Скопје 2-2

Утре:
Тетекс - Македонија ЃП

Addthis

blog comments powered by Disqus