Wednesday, Nov 22nd

Last update:11:27:43 PM GMT

You are here:

Македонија ЃП пред исклучување

E-mail Print PDF

Македонија ЃПМакедонија ЃПМакедонскиот шампион, екипата на Македонија Ѓорче Петров и денес го продолжи бојкотот кон ФФМ и не отпатува во Тетово на реванш натпреварот од купот. Ова е втор бојкотиран натпревар, со што според правилниците на ФФМ, клубот се исклучува од натпреварувањата.

Шампионот на Македонија ќе се натпреварува во четвртата лига! Тоа е исходот кој следи според правилниците на фудбалксата федерација на Македонија по неодигрување на два натпревари. По бојкотирањето на неделниот натпревар против Вардар, денес екипата не отпатува за Тетово каде требаше да го одигра реванш натпреварот од македонскиот куп против Тетекс, со што тие се исклучуваат од натпреварувањата на ФФМ за оваа сезона.

 - Со неодигрување на два натпревари тие ќе бидат префрлени во најнискиот ранг од каде што ќе почнат дури од наредната сезона. Тоа значи дека сите играчи автоматски ќе добијат статус на слободни фудбалери. Но, ако УО на ФФМ донесе одлука дека со бојкотот намерно сакале да и направат штета на ФФМ, клубовите ќе бидат исклучени од членството и нема повеќе да постојат - изјави Миле Спиркоски, комесар за натпреварување при ФФМ.

Addthis

blog comments powered by Disqus