Friday, Nov 17th

Last update:01:32:48 PM GMT

You are here:

Бојкотот продолжи и во 15то коло

E-mail Print PDF

PelisterPelister Бојкотот на Македонија ЃП и Слога Југомагнат продолжи, па така денес не се одиграа натпреварите Македонија-Победа и Тетекс-Слога, а за утре се очекува и дефинитивна суспензија на овие две екипи. Работнички киксираше во Битола, но Ренова предноста ја зголеми само за бод од дуелот со Вардар.

Македонија ЃП не ги отвори вратите на стадионот во Ѓорче Петров за екипата на Победа, а Слога Југомагнат не отпатува во Тетово на дуелот со Тетекс. Наместо тие натпревари, во Ѓорче се одигра пријателски натпревар помеѓу овие две екипи кои го продолжија бојкотот кон ФФМ. Ако се исполнат најавите од ФФМ, овие две екипи ќе бидат суспендирани и исфрлени од сите натпреварувања.

Две многу интересни средби се одиграа во 15то коло. Вардар ја пречека водечката Ренова, а Пелистер беше домаќин на второпласираниот Работнички. Со четвртиот погодог на младиот Марјан Алтипармаковски постигнат во 80та минута, Пелистер стигнаа до трите бода на дуелот со Работнички. Во меч во кој двете екипи се фокусираа да го одбранат својот гол пред да постигнат во противничката мрежа, Алтипармаковски уште еднаш се издвои како херој на денот. Се играше 80-тата минута кога Љамчевски упати прекрасна топка во празно, Алтипармаковски ја избегна офсајд стапицата и излезе очи во очи со Наумовски, биеше и го доведе Пелистер во водство. Димитровски имаше прилика претходно да постигне гол но неговиот удар со глава го одбрани Наумовски. На спротивната страна Савиќ, Вандеир и Божиновски имаа неколку можности но голманот Петровски добро си ја заврши работата.

Но овој кикс на Работнички не го искористи Ренова и предноста ја зголеми со само еден бод затоа што не успеа да го совлада Вардар. Интересен натпревар кој изобилуваше со шанси се одигра на арената Филип II во Скопје. Уште на самиот старт Ступиќ постигна гол за Вардар, но овој погодок беше поништен заради офсајд. Гостите ја превзедоа иницијативата во продолжението и креираа неколку изгледни шанси, но младиот голман Гоцевски успешно ги одбрани ударите на Ибраими и Јанчевски. Вардар возврати во 25та минута кога Ступиќ биеше со глава, но Ковачевиќ со крајни напори ја изби топката во корнер.
Во второто полувреме Ренова конечно својата теренска иницијатива ја круниса со гол. Бесарт Ибраими изведе слободен удар од 30 метри и постигна убав гол за предност на гостите. Но Вардарци не се предадоа. Во 77та минута Петров додаде до Трипуновски кој биеше кон голот каде Ковачевиќ одбрани, но одбиената топка дојде до Бошко Ступиќ кој го постигна израмнувачкиот гол и го постави конечниот резултат.

Промените во Металург почнаа позитивно да влијаат на нивните резултати. По назначувањето на новиот тренер и отпуштањето на шест фудбалери, Металург забележа победа на гости во Кратово. Крсте Велкоски во 57та минута беше стрелецот на единствениот погодок.

Кумановски Милано приреди мало изненадување во Турново, но тоа кратко траеше. Гостите со голот на Аднан Лимани во 36та минута ја имаа предноста по првото полувреме. Но со исклучувањата на Бељуљи во првото и Фазлији во второто, со што гостите останаа со девет играчи на теренот, Турновци имаа лесна задача и направија пресврт. Мирослав Милошевиќ од пенал го израмни резултато, а Мартин Шишков стрелаше за пресврт. Драган Ѓеоргиев при крајот на натпреварот го постигна третиот гол за Турново и ја осигура победата.

Вардар - Ренова 1:1 (0:0)
77’ Бошко Ступиќ - 56’ Бесарт Ибраими

Пелистер - Работнички 1:0 (0:0)
80’ Марјан Алтипармаковски

Силекс - Металург 0:1 (0:0)
57’ Крсте Велкоски

Хоризонт Т. - Милано 3:1 (0:1)
50’(пен) Мирослав Милошевиќ, 55’ Мартин Шишков, 85’ Драган Ѓеоргиев - 36’ Аднан Лимани

Табела | Распоред и резултати

Addthis

blog comments powered by Disqus