Wednesday, Nov 22nd

Last update:11:27:43 PM GMT

You are here:

Ренова го задржа врвот по 16-тото коло

E-mail Print PDF

Пелистер - Ренова 22.04.2009Пелистер - Ренова 22.04.2009Работнички беше лидер на табелата но само 24 часа. Со победата на Ренова над Пелистер со 1-0, врвот остана непроменет по одигрувањето на 16-тото коло.

Во саботата, Работнички го пречека Хоризонт Турново на Филип Втори Арената. Во бавен меч без многу возбудувања на двете страни фаворитите Работнички ја оправдаа својата улога и забележаа победа од 1-0. Стрелец на голот беше Вандеир од пенал на самиот почеток на второто полувреме. Тој резултат ги искачи на врвот на табелата, но нивното радување траеше само 24 часа.

Ренова уште еднаш ја потврди традицијата која е на нивна страна во дуелите со битолски Пелистер. Иако не беше убедлива победата, сепак беше доволна за нови 3 бода и зацврстување на првото место. Единствениот гол на натпреварот беше дело на Бесарт Ибраими во 73-тата минута.

Металург славеше убедлива победа над Тетекс во Скопје. Промените кои ги донесе новиот тренер на скопскиот тим, Никола Илиевски Џиџи, донесоа резултат. Поофанзивната игра која тој ја практикува донесе 4 гола во мрежата на Тетовци. Хет-трик на Миле Крстев и еден погодок на Димитровски за третото место на табелата за Металург, кој по лошиот старт сезонава полека ги оправдува високите амбиции. При самиот крај на овој натпревар, Тетекс остана и со играч помалку откако Тони Ѓорѓевски заработи црвен картон.

Во Прилеп, на дуелот помеѓу поранешните шампиони Победа и Вардар, славеа домаќините. Цврст и неизвесен натпревар како што доликува на едно вакво дерби. Несторовски го доведе домашниот тим во водство со гол постигнат во 12-тата минута, а српскиот интернационалец во редовите на Вардар Бошко Ступиќ израмни пред полувремето. Сепак, на стартот на второто полувреме Несторовски уште еднаш ги покажа своите квалитети и го постави конечниот резултат на овој натпревар - 2-1. Со оваа победа, Победа избега во средината на табелата, додека Вардар остана на 9-тото место.

Силекс славеше рутинска победа над Милано во Куманово. Стрелци на головите за Силекс беа Глигоров, Темелков и Нацев, а почесниот погодок за домаќините го постигна Малиќи. Сите голови паднаа во првото полувреме.

Натпреварот помеѓу екипите на Македонија и Слога Југомагнат не се одигра oткако двете екипи беа дисквалификувани поради неодиграни натпревари.

Работнички - Хоризонт Турново 1:0 (0:0)
47' (п.) Дос Сантос Вандеир

Ренова - Пелистер 1:0 (0:0)
72' Бесарт Ибраими

Победа - Вардар 2:1 (1:1)
12' 49' Илија Несторовски - 45' Бошко Ступиќ

Металург - Тетекс 4:0 (1:0)
6' 76' 85' Миле Крстев, 50' Владимир Димитровски

Милано - Силекс 1:4 (1:4)
45' Фејзи Малиќи - 4' 41' Глигор Глигоров, 21' Александар Темелков, 43' Ангел Нацев 

Табела | Распоред и резултати

Addthis

blog comments powered by Disqus