Friday, Nov 17th

Last update:01:32:48 PM GMT

You are here:

Есенската титула за Ренова

E-mail Print PDF

Pobeda - RenovaPobeda - Renova По високата победа од 0:4 на гости во Прилеп и по неочекуваниот пораз на Работнички во Кратово, екипата на Ренова го зголеми водството на пет поени. Турновци го совладаа Пелистер, а Тетекс со високи 6:0 славеше над Милано.

Полесно од очекуваното, екипата на Ренова славеше со високи 0:4 на гостувањето во Прилеп. Со головите на Илбер Али и Благоја Тодоровски во првиот дел и Мухарем Бајрами и Фисник Гаши во вториот, Ренова стигна до 39 поен оваа сезона.

Во Кратово пак и покрај најавувањата дека ќе го освојат целиот плен, играчите на второпласираниот Работнички го напуштија теренот со наведнати глави. Натпреварот беше решен уште во првото полувреме кога за домаќините стрелаа Ангел Нацев и Душко Андонов. Јалови беа обидите на Работнички во вториот дел, а Вандаир промаши и пенал, со што Работнички заостана на 5 поени зад Ренова и им ја препушти есенската титула.

И покрај силниот дожд и лошите услови за игра на поголемиот дел на територијата на Македонија, стрелците беа многу расположени во Турново и Тетово. Многу интересен натпревар беше одигран во Турново каде Пелистерци беа рамноправни во првиот дел, а домаќините ги освоија поените со уште два гола во вториот дел. Два гола постигна Ѓеоргиев, а Андонов и Милушев по еден кај домаќините, додека Љамчевски, Димитровски и Алтипармаковски во финишот беа стрелци за битолчани.
Како што и се очекуваше, тетовчани имаа лесна задача против Милано. Живорад Радоњиќ беше херојот кај Тетекс со три постигнати голови, а Савевски, Реџепи и Алији постигнаа по еден гол.

Турново - Пелистер 4:3 (2:2)
5’ 57’ Драган Ѓеоргиев, 26’ Марјан Андонов, 72’ Александар Милушев – 9’ Благоја Љамчевски, 35’ Драган Димитровски, 88’ Марјан Алтипармаковски

Силекс - Работнички 2:0 (2:0)
14’ Ангел Нацев, 27’ Душко Андонов

Победа - Ренова 0:4 (0:2)
14’ Илбер Али, 44’ Благоја Тодоровски, 50’ Мухарем Бајрами, 84’ Фисник Гаши

Тетекс - Милано 6:0 (2:0)
18’ 62’ 75’ Живорад Радоњиќ, 35’(пен) Дарко Савевски, 55’ Ељмедин Реџепи, 64’ Бурхан Алији

Табела | Резултати и распоред

Addthis

blog comments powered by Disqus