Friday, Nov 24th

Last update:08:31:50 PM GMT

You are here:

Прилепчани започнаа со подготовки

E-mail Print PDF

Прилепските фудбалери започнаа со подготовките за пролетниот дел од сезоната.

По заминувањето на Нестороски (Словачко), Чурлинов (Русија), Алтипармакоски (Пелистер), Марковиќ (Албанија) и Јовановиќ кој поради работната виза не ќе може да се врати во екипата, прелепчани сакале или не ќе мора да сметаат на младите и неискусни фудбалери кои се на поширокиот список. Како нови засилуванја во преодниот рок до сега се доведени искусниост Пресилски (Новаци), Рутески (Металург)  и Благојче Ристевски (Новаци). Клубот се бори да ги задржи најдобрите, а помладите достојно ќе ги заменат заминатите. Затоа и неколку играчи од младинскиот погон веќе тренираат со тимот. Од клубот очекуваат побериќетна пролет и со нетрпение се очекува продолжението на сезоната.

И фудбалерите на 11 Октомври ги започнаа подготовките за продолжението од сезоната. Повеќе од 20тина  играчи се на располагање на новиот тренер на екипата Марјан Секулоски. Се работи интензивно, два пати дневно. Заради фактот што во првата половина од првенството прилепскиот второлигаш е во долниот дел од табелата, првите луѓе на клубот се погрижија за неколку нови освежувања. МилеДимов, Игор Момироски, Димитар Капинкоски, а најново име во екипата е охриганецот Никола Маркоски. Ова е период за одигрување неколку пријателски натпревари. Од клубот информираат дека во план се и уште две до три нови имиња, се со цел да се направи обид што побрзо да се избегне дното од табелата и да се продолзи престојот во втората лига со статус стабилен второлигаш, а во догледно време да се зголемат амбициите и за влез во елитата.

Addthis

blog comments powered by Disqus