Saturday, Nov 18th

Last update:01:32:48 PM GMT

You are here:

Љуботен го враќа стариот сјај

E-mail Print PDF

ФК “Љуботен“ - ТетовоФК “Љуботен“ - ТетовоНајстариот македонски фудбалски клуб, Љуботен, започна со подготовките за пролетниот дел од сезоната. 

Клубот кој неколку сезони талкаше во трета лига, дури еден период и престана да постои, е на добар пат да го врати својот стар сјај. ФК Љуботен во моментов има стабилен спонзор и на пролет сигурно дека ќе атакува на пласман во 2. лига.

Подготовките на клубот ќе се одвиваат под раководство на одличниот стратег Љубо Павловиќ и неговиот помошник Јове Божиновски, кои во есенскиот дел со просечни играчи успеаа да бидат на делба на првата позиција со најголемиот конкурент Ринија од Чајле. Затоа овој преоден рок ангажирани се повеќе квалитетни засилувања со цел остварување на зацртаните амбиции. Во продолжение од сезона дресот на Љуботен ќе го носат Игор Наумовски, Дарко Радевски и Даниел Радевски, долгогодишни играчи на Тетекс, а изминативе шест месеци настапуваа за Вардар од Брвеница, како и Димче Димитриевски од Гостивар и Мевљам Бејтуали од Дрита кои треба да ја засилат одбраната, а средниот ред ќе биде посилен за Маријан Трпчевски и Станиша Марковски кои потекнуваат од младинската школа на Тетекс, а изминатата полусезона настапуваа во Треска од Шишево, односно скопска Славија и Раца Николовски кој повторно се активира на фудбалските терени. Единственото засилување во нападот, барем до сега, е Славчо Антовски од воторолигашот Цементарница.

Од клубот и информација дека во следниов период треба да се реализираат трансферите на поранешниот репрезентативец Горан Јовановски и екс младинскиот репрезентативец Ивица Радоњиќ кои треба да бидат најзвучни засилувања оваа зима за Љуботен, а изминатиот период настапуваа за Славија од Скопје. Нападот треба да биде засилен и со Јовица Столевски, поранешен фудбалер на Раднички Обреновац и Македонија ЃП. Доколку се реализираат и овие трансфера тогаш Љуботен несомнено ќе биде главен фаворит за освојување на првата позиција во 3. лига - Запад, што е и главната цел на сите во клубот.

Addthis

blog comments powered by Disqus