Saturday, Nov 18th

Last update:01:32:48 PM GMT

You are here:

Македонски Куп - 1/2 финале

E-mail Print PDF

altalt Минимална предност од 1:0 за Пелистер против Работнички и 0:0 на второлигашот Скопје на гостувањето кај Тетекс по првите полуфинални натпревари од македонскиот куп.

Актуелниот освојувач на титулата во македонскиот куп, екипата на Работнички е поразена на гостувањето во Битола. Пелистерци славеа со голот на Александар Велјановски во седмата минутапо феноменална акција во која беа вклучени Симоновски и Ристевски, заедно со егзекуторот А. Велјановски, трио на Пелистер кое одлично се познава меѓу себе. Имаше и други прилики за гол на двете страни. Го издвојуваме Илиев кој беше сам против Богатинов на самиот старт на второто полувреме и обидот на Љамчевски, кој денес славеше роденден, директно од корнер да го изненади Богатинов. На спротивната страна се издвои Брњарчевски кој одигра солиден натпревар и имаше добра прилика при крајот на првото полувреме и шансата на Фабио Силва чиј удар со малку променет правец, Павловиќ со крајни напори го исфрли во корнер. За крај, во Битола резултат кој никому не гарантира ништо, освен уште еден неизвесен натпревар во Скопје.

Второлигашот Скопје е на прагот на уште едно изненадување. По елиминирањето на Металург, тие денес се вратија непоразени од гостувањето во Тетово и не само што не беа поразени туку имаа и неколку стопроцентни шанси да постигнат гол.

Пелистер - Работнички 1:0 (1:0)
7’ Александар Велјановски

Тетекс - Скопје 0:0 (0:0)

Реванш натпреварите се закажани за 5 мај.

Addthis

blog comments powered by Disqus