Wednesday, Nov 22nd

Last update:11:27:43 PM GMT

You are here:

Комплетирано 25то коло од МПФЛ

E-mail Print PDF

Работнички и Вардар ги поделија бодовите во вечното скопско дерби. Ренова го искористи ремито на Работнички и ја зголеми предноста на 10 поени. Пелистер го совлада Силекс, Победа поуспешна од Тетекс, а Металург лесно против Милано.

1:1 на скопското дерби помеѓу Работнички и Вардар иако резултатот не ја одсликува реалната состојба на теренот каде Работнички доминираше, но не успеа да победи и се одалечи од титулата. Романтичарите ја имаа иницијативата во текот на натпреварот и ја затресоа мрежата на Вардар дури три пати, но два од овие погодоци беа поништени. Во првиот дел Бојовиќ постигна гол со глава, но овој погодок беше поништен заради фаул во напад, а во вторио дел беше пониште уште еден погодок на Божиновски. Во 40та минута од натпреварот Вандаир асистираше до Боби Божиновски кој го постигна својот 14 гол оваа сезона и со овој резултат се отиде на пауза.
Вардарци имаа само една шанса во текот на целиот натпревар кога во првиот дел Христов биеше кон голот на Работнички, но ништо посериозно. Работнички продолжи со иницијативата и во вториот дел но се закани посериозно кон голот на Симов. При крајот на натпреварот, Мојсов беше соборен во шестнаесетникот на Работнички, по што судијата покажа на белата точка. Артим Положани успешно биеше и го постави конечниот резултат.

Ренова рутинирано ги освои трите бода во натпреварот против Турново. Гоце Толески во првиот и Фисник Нухиу во вториот дел беа стрелци на головите на овој натпревар. Домаќините дополнително се радуваа и на ремито на Работнички затоа што сега имаат цели десет поени предност на осум кола пред крајот на сезоната и се многу блиску до освојување на својата прва титула во историјата.

Пелистер ја продолжува успешната битка на два фронта. По победата во купот над Работнички, денес битолчани славеа над Силекс. Единствениот гол на натпреварот го постигна Марјан Алтипармаковски кога натрча на една топка во шестнаесетникот откако биеше Велјановски. Во продолжението Силекс се активираше и се обиде да израмни, но домаќините успешно се одбранија. Најсериозната шанса ја имаше Марковски, но Павловиќ го одбрани неговиот удар.

Интересно беше во Автокоманда не само заради постигнатите голови, туку и заради случувањата на и околу теренот. По неинтересното прво полувреме, на самиот стар од вториот дел, по една спорна ситуација Миле Крстев постигна гол на што гостите остро реагираа и бараа игра со рака од страна на Илијоски. Играчите на Милано го опколија помошниот судија и се повлекоа од терен, но по пауза од пет минути тие се вратија и натпреварот продолжи. Победата ја осигура Музафер Ејупи со гол во 82та, а ја запечати нововлезениот Марко Костенцоски во 87та минута.

Победа полека ја избегнува опасната зона и со денешната победа над Тетекс тие се искачија на 6то место. Благојче Рутески во 18та и Драган Димитровски во 57та минута ги постигнаа головите за домаќините. Црвениот картон на Исени во 65та минута дополнителни ја отежни ситуацијата на Тетекс кои се се поблиску до позициите кои водат во баражот.

Работнички - Вардар 1:1 (1:0)
40’ Боби Божиновски - 84’ Артим Положани (пен)

Ренова - Турново 2:0 (2:0)
13' Гоце Толески, 45’ Фисник Нухиу

Победа - Тетекс 2:0 (1:0)
18’ Благојче Рутески, 57’ Драган Димитровски

Пелистер - Силекс 1:0 (0:0)
47’ Марјан Алтипармаковски

Металург - Милано 3:0 (0:0)
47’ Миле Крстев, 82’ Музафер Ејупи, 87’ Марко Косенцоски

Табела | Резултати и распоред

Addthis

blog comments powered by Disqus