Friday, Oct 20th

Last update:09:58:13 PM GMT

You are here:

Италија во најсилен состав доаѓа во Скопје

E-mail Print PDF

„Аѕурите“ на ЕУРО 2016„Аѕурите“ на ЕУРО 2016Џан Пјеро Вентура повика 26 играчи за двата претстојни мундијалски квалификациски натпревари против Македонија и Шпанија.

Селекторот на „Аѕурите“ денес го соопшти списокот на повикани играчи со кои ќе допатува во Скопје на мегдан со Македонија. По долгата пауза поради скршеница на ногата назад во репрезентацијата е резервниот голман Матиа Перин, соиграч на Пандев од Џеноа. Од претходниот состав кој со 3:1 славеше над Израел во првото коло недостасува единствено повредениот Лука Антонели кој тогаш ги одигра сите 90 минути. Од 26-те повикани играчи, само 6 играат надвор од Серие А. Не добија повик напаѓачите Симоне Ѕаѕа и Стефан Ел Шаарауи.

Италија ќе почне да се собира уште од недела и тоа во стандардната тренинг база во населбата Коверчано во Фиренца.

Џанлуиџи Буфон - Јувентус Италија
Џанлуиџи Донарума - Милан Италија
Матиа Перин - Џеноа Италија

Давиде Астори - Фјорентина Италија
Андреа Барѕаљи - Јувентус Италија
Леонардо Бонучи - Јувентус Италија
Џорџо Киелини - Јувентус Италија
Доменико Кришито - Зенит Зенит
Матео Дармјан - Манчестер Јунајтед Англија
Матиа Де Шиљо - Милан Италија
Анџело Огбона - Вест Хем Англија
Алесио Ромањоли - Милан Италија

Федерико Бернардески - Фјорентина Италија
Џакомо Бонавентура - Милан Италија
Антонио Кандрева - Интер Италија
Даниеле Де Роси - Рома Италија
Алесандро Флоренци - Рома Италија
Рикардо Монтоливо - Милан Италија
Марко Пароло - Лацио Италија
Марко Верати - ПСЖ Франција

Андреа Белоти - Торино Италија
Едер Ситаџин Марчинс - Интер Италија
Маноло Габјадини - Наполи Италија
Чиро Имобиле - Лацио Италија
Грациано Пеле - Шандон Лунен Таишан Кина
Никола Сансоне - Виљареал Шпанија

Италија прво на 6-ти октомври ќе ја пречека Шпанија во Торино во натпревар кој е дерби во групата Г, а потоа на 9-ти на „Националната Арена Филип II Македонски“ ќе ѝ гостува на Македонија.

Addthis